Спорт

Освалдо го напушта Саутемптон и се сели во Лондон

Големиот ривал од англиската премиер лига, тимот на Вест Хем е последниот кој покажа интерес за проблематичниот напаѓач на Саутемптон, Даниел Пабло Освалдо.

Челниците на Саутемптон сакаат под итно да се ослободат од услугите на репрезентативецот на Италија кој постојано е во центарот на фудбалското внимание но најмногу поради неговото недолично однесување и поради последната физичка пресметка со тимскиот колега.

Претходно, интерес за искусниот напаѓач покажаа челниците на Интер и Фиорентина, а нивната желба може да стане реалност само доколку официјалната понуда за Освалдо не биде помала од 15 милиони фунти.