Спорт

Освалдо веќе на лекарски преглед во Торино

Освалдо веќе на лекарски преглед во Торино

Повремениот репрезентативец на Италија и најскапа аквизиција во клупската историја на англискиот премиерлигаш Саутемптон, Даниел Пабло Освалдо, во текот на денешниот ден и официјално ќе биде претставен како последна зимска аквизиција на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.

Челниците на Јувентус ќе платат околу 500 илјади евра за 6-месечната позајмица на проблематичниот дефанзивец, а на крајот од актуелната сезона ќе можат да го откупат неговиот договор но официјалната понуда до Саутемптон не смее да биде помала од 18 мил. евра.

Предводникот на “старата дама”, Антонио Конте сега ќе има на располагање шест напаѓачи, а освен на Освалдо, до крајот на актуелната сезона, трофејниот стручњак ќе може да располага и со услугите на Карлос Тевез, Фернандо Љоренте, Себастијан Џовинко, Мирко Вучиниќ и Фабио Кваљарела.