Освалдо во Галатасарај по наредба на Прандели

Новиот тренер на турскиот гигант Галатасарај, поранешниот селектор на Италија, Чезаре Прандели, од клупските челници побарал под итно да испратат официјална понуда за италијанскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Саутемптон, Даниел Пабло Освалдо.

Иако, фудбалерите на Саутемптон пред неколку дена ги стартуваа подготовките за новата сезона, искусниот напаѓач не се појави на првиот тренинг со образложение дека не се чуствува добро и дека сака да ја смени клупската средина.

Искусниот италијански стручњак е убеден дека поранешниот напаѓач на Фиорентина, Еспањол, Рома и Јувентус, ќе се пресели во Истанбул за време на летниот преоден рок доколку официјалната понуда за неговите услуги не биде помала од 15 мил. евра.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.