Осветен камен темелник на крстилница во црквата Св. Јован Крстител во Ново Лисиче

Осветен камен темелник на крстилница во црквата Св. Јован Крстител во Ново Лисиче
Осветен камен темелник на крстилница во црквата Св. Јован Крстител во Ново Лисиче

Поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во присуство на ктиторот-семејството Чифлиганец и голем број верници, со света Архиерејска литургија и свечена церемонија, денеска ги освети темелите на новата крстилница во црквата Свети Јован Крстител, во Паркот со авион, на кејот на реката Вардар, во населбата Ново Лисиче.

Со крстилницата, што ќе се гради со донација на Македонската православна црква и градежната компанија Адора инженеринг, ќе биде заокружена архитектонската и религиозна целина на православниот храм, во чиј комплекс има камбанарија и фонтана.

Крстилницата што во стилот на црковниот храм ќе се гради на површина од 130 м² со повеќе простории и ќе има продажба на сувенири, икони и свеќи, ќе овозможи достоинствено изведување на свечениот чин на крштевањето на верниците според православните христијански обичаи.црква1

Според Архиепископот Охридски и Македонски токму на празникот Свети Јован Крстител, истоимената црква во општина Аеродром доби најубав дар-крстилница, со што уште еднаш се потврди градителската и хумана мисија на Ванчо Чифлиганец, под чие ктирорство црквата Свети Јован Крстител во Ново Лисиче беше изградена и осветена во 2014-та година.

Ктиторот Ванчо Чифлиганец потенцира дека е горд што со МПЦ и тимот на Адора инженеринг ќе градат крстилница како простор за светиот чин  крштевање и примање на христијанската православна вера токму во општина Аеродром, каде компанијата има изградено 1.500 станови и вдомено толку семејства.

Генералниот директор на Адора инженеринг, Чифлиганец, порача дека целта на оваа мисија е да се зголеми христијанското семејство со нови верници сплотени и обединети со верба во Бога, со единство, меѓусебна љубов, почит и толеранција со другите вероисповеди, кога тоа ни е најпотребно, во ова неизвесно и ризично време во кое живееме.

црква2