Осветена новата црква во Кавадарци „Света Петка Преподобна“ (ФОТО)

Во Кавадарци е осветено новото духовно светилиште за сите православни христијани, црквата „Света Петка Преподобна“.

 

crkva1

На осветувањето присуствуваа претседателот на Република  Македонија, Ѓорѓе Иванов заедно со неговата сопруга Маја Иванова, министерот за финансии Зоран Ставрески и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

crkva3

Присуствуваа голем број на граѓани, како и бројни високи претставници од политичкиот и деловниот врв.

crkva9

Претседателот Иванов, како што пренесува МИА, во изјава за медиумите рече дека е чест да се присуствува на осветувањето на прекрасниот храм.

– Храмовите се места каде верниците доаѓаат по својата вера, надеж и љубов. Се надевам дека овој храм на сите верници од Кавадарци и околината ќе им донесе многу радост, многу среќа и вербата во Бога да ја негуваат, учествувајќи на сите настани кои ќе се одбележуваат во оваа црква, порача Иванов.

crkva4

Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов нагласи дека денеска во Кавадарци уште еднаш злото се победи со доброто.

– Квадарци ја доби оваа убавица. Би сакал од мое лично име да посакам на сите граѓани на општина Кавадарци и на сите од Република Македонија оваа црква да биде место каде ќе се случуваат многу бракови, место и клупи каде ќе се разменат многу бакнежи помеѓу нашите млади, место каде нашите баби ќе ги гледаат своите внучиња и место кое ќе означи голем пород и зголемување на наталитетот што е крајна цел на градот Кавадарци и Република Македонија, рече Панов.

crkva5

Зад проектот за изградба на црквата стојат ктиторите „Фени Индустри“, општина Кавадарци, „Кожувчанка“ и „Градба промет”, како и уште бројни други донатори, фирми и граѓани од Кавадарци и Македонија, а со благослов и духовно водство на Митрополитот Повардарски г. Агатангел.

– Денеска црквата станува реалност и тоа е Божја волја. Чувствувам и радост и одговорност што успеавме да го оствариме тоа што го замисливме. Сметам дека кавадарчани ја заслужуваат оваа преубава црква која мислам дека е една од најубавите, рече Константинос Даскалакис, генерален директор во „Фени Индустри“.

crkva6

Никола Наумов од „Градба промет“ изрази задоволство што се дел од проектот за изградба на црковниот храм. Посака многу здравје, љубов и среќа за сите.

crkva8

12072531_876617422414302_5375568923685391284_n

12141744_876618609080850_8966413987604696302_n