Осветлена клучката на влезот во Куманово

Во рамки на владините политики за зголемување на безбедноста на сообраќајот, Јавното претпријатие за државни патишта постави осветлување на надпатникот и среднишниот дел на клучката на влезот во Куманово.

Како што информира претпријатието, во должина од 600 метри поставени се 12 двокраки канделабри со висина од 12 метри  како и четири рефлектори под  надпатникот . Осветлувањето е изведено со систем на намалување на потрошувачката на електрична енергија (димирање) на сите светилки со намалување на влезниот напон .

Инвестицијата за изведување на осветлувањето е во вредност од 3 милиони денари. Осветлувањето од вчера е пуштено во функција.