Осветување на црквата „Света Петка Параскева“ во Кавадарци

Годинава, по пет години изградба, ќе биде осветено новото духовно светилиште за сите православни христијани, црквата „Света Петка Параскева“ во Кавадарци.

Во октомври осветување на црквата „Света Петка Параскева“ во Кавадарци

Осветувањето на црквата „Света Петка Параскева“ во Кавадарци ќе се одржи на 18 октомври 2015 година, а информацијата денес и официјално ни ја потврди Герасим Кујунџиев, заменик генерален директор на компанијата Фени Индустри, која е најголем ктитор на црквата.

– Чест и задоволство ми е што имам можност да соопштам дека Кавадарци на 18 октомври конечно ќе ја добие својата нова црква, преубавата „Света Петка Параскева“. По се што направивме, сигурен сум дека на дваесети октомври ќе биде вистински празник за сите кавадарчани, македонци, но и за сите православни христијани кои ќе ни се приклучат на чинот на осветување на црквата „Света Петка Параскева“, заврши Кујунџиев.

Покрај подготовките за осветувањето, во наредниот период ќе се работи и на оплеменување и урбанизирање на дворот на црквата „Света Петка Параскева“ во Кавадарци, како и на фрескоживописот, кој беше започнат пред една година.

Пред една година започна фрескоживописувањето на црквата

Црквата „Света Петка Параскева“ во Кавадарци којашто се гради со донација од бизнис секторот и граѓаните почна да се фрескоживописува на големиот христијански празник „Св. Петка“ пред точно една година.

Црквата „Света Петка Параскева“ во Кавадарци е насликана со сите елементи кои се предвидени за еден православен храм, а посебно ќе бидат нагласени мотиви од 14 век, византиски стил.

Црквата почна да се гради пред пет години, на 8-ми август, точно на празникот „Св. Петка“. Каменот за ѕидање на црквата се донесе од Мариово, бидејќи со тој камен кој има топла природна боја се граделе цркви уште пред десет века.

По пет години црквата „Света Петка Параскева“ во Кавадарци конечно ќе биде осветена, а според многумина таа ќе биде најубавиот христијански храм во Тиквешијата.