Македонија

Осветување на камен темелник на споменикот за Водици

Осветување на камен темелник на споменикот за Водици

На православниот празник Свети Атанасиј, на свечен начин ќе биде поставен камен- темелникот за изградба на новото спомен обележје за Водици кај градското пристаниште во Охрид.

Чинот на осветувањето и поставувањето на камен темелникот ќе го изведат свештеници на МПЦ, Кумот на Водици Охрид-2014, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, и Кумот на Водици Охрид-2012, Ванчо Чифлиганец, кој е донатор на споменикот.

Споменикот за Водици, посветен на најмасовата прослава на Богојавление во овој дел на православието, е дар за граѓаните, туристите, Балканскиот Ерусалим-Охрид и Македонија.