Освежителна летна комбинација: Кампари лубеница

Станува збор за заводлива летна комбинација со лубеница и кампари ликер.

Подготовка:

Дел по дел лубеницата иситнете ја во блендер додека не добиете пире, по што би требало да добиете околу 5 чаши пире.

Во лубеницата додадете шеќер и Кампари и оставете да отстои 10 минути за да се стопи шеќерот. Промешајте и прелејте ја смесата во плиток сад за печење, покриете и оставете во замрзнувач.

Ладете додека 2/3 од смесата да бидат смрзнати, околу 2,5 до 3 часа. Со помош на вилушка искршете го смрзнатиот дел на кристалчиња и вратете во замрзнувач. Кога целосно ќе замрзне, уште еднаш промешајте и оставете во замрзнувач до сервирање.

Сервирајте во чаши во кои што претходно сте ставиле малку Кампари и исечени зрели јагоди.