Освојувачот на купот Ајнтрахт елиминиран од четвртолигаш, Баерн одвај мина

Фудбалерите на франкфуртски Ајнтрахт во мај го освоија германскиот национален куп совладувајќи го во финалето првакот Баерн, а само три месеца подоцна на стартот од новата сезона беа поразени од четвртолигашот Улм со 1:2, додека Баварците иако во најсилниот состав одвај со 1:0 го победија Дрохтерсен/Асел, исто така, екипа од регионалната лига.

На Улм сензационалната победа му ја донесоа Кјенле во 48 и Лукс во 75 минута, додека стрелец на почесниот гол за бранителот на титулата Ајнтрахт беше Пасиенсија во 90 минута.

Барн Минхен, пак, успеа да мине во второто коло од купот со голот на Роберт Левандовски дури во 82 минута, иако на теренот во местото Дохтерсен истрча најсилниот состав на актуелниот шампион.

Најубедливите победи ги остварија Вердер кој со 6:1 победи на гостувањето кај Вормс, и Хофенхајм кој со истиот реултат славеше кај Кајзерслаутерн.

Баер Леверкузен со минимални 1:0 го победи петтолигашот Форцхајм, а еден гол му беше потребен и на Волсфбург да го мине четвртолигашот Елверзберг на неговиот терен.

Со гостински победи во второто коло се пласираа и Нирнебрг во дуелот со Линкс (2:1) и Дуизбург кој гостуваше кај Дазендорф (1:0).

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.