Отаменди се пофали дека има договор со Валенсија

Шпанскиот прволигаш Валенсија излезе како победник во трката по потписот на аргентинскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Португалија, Порто, Николас Отаменди.

Централниот дефанзивец веќе го потпиша понудениот петгодишен договор, а челниците на Порто ќе заработат околу 12 милиони евра од продажбата на 25-годишниот дефанзивец.

„После авантурата во дресот на Порто, кој важи за европски гигант, јас сум подготвен мојата кариера да ја продолжам во редовите на шпанскиот прволигаш Валенсија. За мене ова е голема чест. Среќен сум што Валенсија е следниот чекор во мојот фудбалски живот. Ќе играм за еден од најисториските и најатрактивните клубови во Шпанија и Европа. Добро знам дека моите сонародници имаат голем удел во историјата на овој престижен клуб. Ќе имам голема одговорност, ќе продолжам каде што застана Марио Кемпес, Роберто Ајала и Пабло Аимар”, изјави Отаменди.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.