среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 0

Отчет на Бакрачески за сработеното во изминатите три години

При презентирањето на публикација од 200 страници Бакрачески оцени дека изминатата година минала со најинтензивна динамика во работата на локалната самоуправа, со многу реализирани проекти, подобрување на перфомансите на сите јавни претпријатија основани од Општина Охрид и сигнификантно подобрување на ефикасноста на општинската администрација.

bakraceski

Последни вести

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска пред сограѓаните даде отчет за сработеното за трите години од неговиот мандат.
При презентирањето на публикација од 200 страници Бакрачески оцени дека изминатата година минала со најинтензивна динамика во работата на локалната самоуправа, со многу реализирани проекти, подобрување на перфомансите на сите јавни претпријатија основани од Општина Охрид и сигнификантно подобрување на ефикасноста на  општинската администрација.

– Во услови на политичка криза, а која несомнено се одразува на севкупното живеење и работа, успеавме многу од зацртаните проекти да ги реализираме на задоволство на граѓаните на Општина Охрид. Успешно го трасиравме патот за финансиска консолидација на Општината и покажавме дека децениската сага за долгот на Општина Охрид, на подолг рок може да има успешна разрешница, рече тој, наведувајќи податоци според кои вкупниот долг на општината е намален за над 567 милиони денари.

Тој меѓу другото истакна дека реализирани се многу проекти и градежни зафати, притоа водејќи сметка за подеднаков однос кон сите делови од градот и приградските населби во подобрување на инфраструктурата и задоволување на потребите на граѓаните.

Притоа наведени се реконструкции на повеќе улици низ градот и преградските населби, проектот за модернизација на јавното осветлување на територијата на Охрид, детски градинки во рурални средини, нови линии за атмосферска и фекална канализација, помош за секое прво и второродено дете во охридската болница, стипендирње талентирани ученици и студенти. Посебно ги истакна активностите на Одделението за туризам и локален економски развој, преку кое е аплицирано пред европските фондови, при што се одобрени 35 проекти во вкупна вредност од 1,3 милиони евра, но и активностите за промоција на Охрид на меѓународни туристички саеми и манифестации…

Бакрачески уште укажа на заложбите за заживување на локалното стопанство, притоa изразувајќи задоволство што благодарение на проширувањето на капацитетите на „ОДВ Електрик“ се отвараат се повеќе работни места за охриѓани.

Најави дека лично тој и целата локална самоуправа продолжуваат со, како што рече, несмален интензитет, посветеност и ентузијазам“ да го градат Охрид, притоа најавувајќи реализација на повече проекти од голема важност за градот како што се изградбата на затворен пливачки базен, затворен градски пазар, меѓуградска автобуска станица, дом за стари лица.

Најчитани вести