Отчет на општина Кисела Вода: Остваривме повеќе од 85 проценти од планираните проекти

Во дослух со вас одоговарајќи на вашите потреби и барања ги креиравме нашите приоритети обидувајќи се согласно можностите да излеземе во престерт на секој поединец, ова како дел од отчетноста денеска го изјави градоначалничката на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец.

„Остваривме повеќе од 85 проценти од планираното, од 1460 проекти колку што изреализиравме ќе издвојам само дел: Во областа на образованието и енергетската ефикасност на територија на општината се изградина од темел две нови училишни згради, а беше и извршена темелна обнова на повеќе други темелни училишта. Исто така ќе го издвојам и проектот за 100-те најталентирани ученици кои добија парична награда на денот на општината, општината доби и три нови градинки градени по сите стандарди, семејствата со новороденчиња добија и еднократна парична помош, потенцираше Беличанец.

Таа истакна дека се изведени преку 4.450 метри атмосферска, преку 3 илјади фекална и над 2 илјади метри водоводна мрежа, а нанесени се 20 илјади метри квадратни асфалт.