Отежнат сообраќајот од Прилеп кон Витолиште и кон Македонски Брод

Сообраќајот се одвива отежнато на патните правци Прилеп-Витолиште и Прилеп-Македонски брод.

АМСМ информира дека на патниот правец Р-1107 Прилеп – Витолиште, стационажа 35-ти километар, поради свлечиште на патот сообраќајот се одвива отежнато.

На патниот правец Р-1303 Прилеп – Македонски Брод, на 27-ми километар, поради слегнување на асфалтот на патот сообраќајот се одвива отежнато. Поставена е соодветна патна сигнализација.

Поради појава на свлечиште на патниот правец А3 Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот е се уште во прекин. Возилата се пренасочуваат низ градот Битола.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.