Отежнато движење кај наплатната рампа Отовица

Автомото Сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека на патниот правец А-1 Гевгелија- Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица “Отовица” се изведуваат работи на мостовите.

Поради изведувањето на градежните работи формирана е подолга колона на возила до наплатната станица Отовица во правец кон Катланово и сообраќајот се одвива отежнато и забавено, известуваат од АМСМ.