Отежнато движењето на Пресека

На патниот правец Кичево – Охрид кај планинскиот премин Пресека дозволен е сообраќај само за патнички моторни возила. Поради остатоци од снег, сообраќајот се одвива забавено и се препорачува внимателно возење и поседување на зимска опрема во возилата, информираа утрово од АМСМ.

Забрана за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар – крак Маврово – Дебар, Тетово – Попова Шапка, Тетово – граничен премин Јажинце, Стража, Дебар – Струга, Буково, Ѓавато, Струга – граничен премин Ќафасан и Крива Паланка – г.п. Деве Баир.

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со слаб интензитет паѓа на планинските премини Стража, Пресека и Плетвар, во Битола, Македонски Брод, Железнец, Удово, како и на зимскиот пункт Кула.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони. Поради ниски температури можна е појава на голомразица.