Отфрлен нацрт законот за целосна забрана за абортус во Полска

Десничарските и либерални парламентарци во 450-члениот Долен дом здружија сили и гласаа со 353 „за“ и 58 гласови „против“ спорниот нацрт закон. Осумнаесет пратеници беа воздржани.

Комитетот на полскиот парламент за правда и човекови права го отфрли вчера тој законски проект и повикаа парламентот да го направат истото по масовните протести на жените во државата.

Владејачката десничарска Партија на законот и правдата која има мнозинство во парламентот е во принцип за забрана на абортусот, но нејзините лидери станаа свесни дека мнозинството жители на државата го поддржуваат актуелниот закон кој дозволува абортус во одредени случаи, наведуваат западни медиуми.