Отингер: Веројатно Турција нема да пристапи кон ЕУ се додека е Ердоган на власт

Германскиот европски комесар Гинтер Отингер денеска за весникот „Билд“ изјави дека Турција веројатно нема да пристапи кон ЕУ се додека Реџеп Таип Ердоган е претседател на земјата.

Турција ги почна преговорите за влез во ЕУ во 2015 година, но досега има постигнато слаб напредок.

– Перспективата на претежно муслиманската Турција да стане член на ЕУ вознемирува многу од земјите, а односите се влошија откако се случи обидот за преврат во јули. Тоа прашање веројатно ќе го чека периодот по Ердоган, нагласи Отингер, пренесува МИА.

– Со оглед на сегашните услови пристапот не е реален до крајот на следната деценија, посочи германскиот европски комесар.

Во неделата германскиот канцелар Зигмар Габриел изјави дека не ја гледа Турција како член на ЕУ за време на неговата политичка кариера, забележувајќи дека блокот нема да биде во позиција да ја прими Турција, дури и Анкара уште утре да ги исполни сите барања за влез.

Во јуни германските пратеници усвоија резолуција со која ги означија масовните убиства на Ерменците во Османлиската империја како генецид.

Тоа ја налути Турција, која ги отфрла тврдењата дека убиствата на христијанските Ерменци од страна на османлиските сили за време на Првата светска војна се изедначуваат со геноцид.