Магазин

ФОТО: Го откачи неверниот сопруг со огромен билборд

ФОТО: Го откачи неверниот сопруг со огромен билборд

Фотографијата од овој огромен билборд со кој оваа жена го откачи неверниот сопруг, стана топ тема на социјалните мрежи.

Што може да направите ако дознаете дека сопругот ве изневерува? Па може да разговарате или да го откачите со огромен билборд, па така тој и сите други ќе знаат што сте направиле.

Жената што се потпишува како „Лиса“ го направи токму тоа.

Го откачи неверниот сопруг со огромен билборд
Го откачи неверниот сопруг со огромен билборд

На огромен билборд кој е поставен покрај мошне прометен автопат во Шефилд, во северна Англија пишува:

За мојот неверен сопруг Пол. Се заслужувате еден со друг. Кога ќе се вратиш дома, јас нема да бидам таму. Уживај во возењето кон работа! Лиса.

Од компанијата што ги изнајмува билбордите за Си Ен Ен велат дека Лиса го нарачала овој огромен билборд пред две недели и дека најверојатно „се било испланирано, затоа што таа го кажала точниот датум“.

Билбордот е со големина од 5,6 метри на 2, 6 метри и бил поставен во периодот на најголемата гужва, односно помеѓу 6 и 9 часот наутро во текот на вчерашниот ден.