Откако ќе се сретне со Папата, Путин ќе го посети Берлускони

Рускиот претседател Владимир Путин, планира да се сретне со поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони на 10-ти јуни за време на неговата посета во Италија, изјави портпаролот на претседателот во Кремлин Јури Ушаков на прес-конференција, пренесе ТАСС.

– Во моментов се разговара за можноста Путин да го посети Берлускони. Не се исклучува можноста оваа средба да се случи во Рим, изјави тој и додаде дека сеуште не се знае точниот распоред за посетата во Италија, но дека најверојатно средбата со Берлускони ќе се случи во попладневните часови.

Инаку, Путин и Берлускони имаа воспоставено активен дијалог во времето додека италијанскиот политичар беше на чело на тамошната влада. По повлекувањето на Берлускони од политичката сцена тие останаа пријатели.