Почина француската новинарка ранета во Мосул

Француската новинарка Вероник Робер, која беше ранета во борбите за ирачкиот град Мосул во понеделникот во експлозија на мина додека работеше на репортажа за француската телевизија, почина од последиците на ранувањето, објави во саботата France Televisions.

Откако неколкупати била оперирана во Багдад, новинарката ноќта кон петокот беше транспортирана во воената болница „Перси“ во близина на Париз. Двајцата нејзини колеги, Французинот Стефан Вилнев и Ирачанецот Бахтијар Адад смртно настрадаа во експлозијата.

„Со голема тага управата за информирање на France Televisions дозна за смртта на новинарката Вероник Робер“, објави телевизиската куќа во соопштението.

Педесет и четиригодишната Робер работела на репортажа во Ирак за емисијата “Специјален известувач“. Последните репортажи ги направи за списанието Paris Match за Ирак.

Вилнев и Адад загинаа во експлозијата на мина додека францускиот новинар Самуел Фореј, кој бил со нив, полесно е повреден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.