Отказ причина за убиството на Македонецот во Нови Сад

Мажот кој е осомничен дека го убил пекарот Слободан Стојановски го признал делото.

Како што пренесува српскиот Ало, тој го признал грозоморното дело откако полицијата кај него го пронашла ножот со кој бил усмртен Стојановски.

Телото на Стојановски било пронајдено од работник во пекарата Слобода. На убиството му претходена кратка расправија помеѓу сега убиениот и неговиот поранешен работник, Небојша, кој добил отказ од пекарата.

Убиецот во полициска истакнал дека караницата започнала поради нерасчистени сметки за работното место.

За Небојша вработените велат дека бил проблематичен човек. Неодамна се развел, а често менувал и работни места.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.