Македонија

Отказ за анестезиолозите од гевгелиската болница

Отказ за анестезиолозите од гевгелиската болница

Анестезиолозите од гевгелиската болница кај кои беше утврдено присуство на алкохол за време на породувањето при кое починаа родилка и бебе добија отказно решение.

Од болницата информираат дека по наодите дека анестезиолозите Томчо Ванчев и Зоран Јовановски имале 1,75, односно 1,23 промили алкохол во крвта, истите добиле отказно решение.

Имено, при породувањето починаа мајка и нејзината неродена ќеркичка. Се чекаатрезултатите од извршената обдукција.