Отказ за вработените во Катастар поради пропустот за локацијата кај НБРМ

Отказ добија петте вработени државни службеници во Агенцијата за катастар поради направениот пропуст за локацијата спроти Народната банка на Македонија.

Оттаму информираат дека против вработените била поведена дисциплинска постапка, а потоа Дисциплинската комисија утврдила дека петте државни службеници сториле дисциплински престап – неизвршување односно несовесно и небрежно вршење на службената должност, како и давање на неточни податоци на државните органи, со што  е предизвикана потешка значителна повреда на службената должност и угледот на службата, односно на Агенцијата за катастар на недвижности.