Откажан концертот на ѕвездите од Х-Фактор во Скопје

Членот на жирито на балканското шоу Х-Фактор, Кики Лесендриќ, донесе одлука концертот кој што беше закажан за 14-ти овој месец да се откаже и да се помести за средината на месец мај.

Причината за откажување на концертот, кој првично беше планиран во спортскиот центар Борис Трајковски, е големото супер финале на Х-Фактор во Белград, кое што треба да се одржи на 23-ти март.

Од продукцијата, која стои зад овој проект, во мај ќе биде организиран спектакуларен концерт со сите финалисти од шоуто, како и специјални гости.