Откажани 4 натпревари од Светскиот скијачки куп

Натпреварите од Светскиот куп во скијачки скокови и нордиска комбинација кои според распоредот беа планирани да се одржат во февруари во Чешка, ќе бидат откажани.

Иако Светската скијачка федерација не појасни до детали зошто се овие откажувања, туку едноставно истакна дека има организациски причини, првиот човек на Чешката федерација, Лукас Соботка за чешките медиуми изјавил дека откажувањата се поради недостаток на финансиски средства.

Два натпревари од Светскиот куп во скијачки скокови и два од Светскиот во нордиска комбинација планирани за февруари во Чешка денеска се откажани.

Како што соопшти Светската скијачка федерација (ФИС), натпреварувањата нема да се одржат поради организациски причини.

ФИС не кажа конкретни детали, но првиот човек на Чешката федерација Лукас Соботка за тамошната новинска агенција изјави дека откажувањата се случија поради недостаток на финансиски средства.