Откажани летови на Хитроу поради ураганот Гонзало

Повеќе летови кон најголемиот аеродром во Велика Британија, лондонски Хитроу, се откажани синоќа поради ураганот Гонзало.

Засега се откажани 10 отсто од предвидените летови на 20 големи светски авиокомпании, но претставник на управата на Хитроу изјави дека се уште не се знае колкав ќе биде обемот на откажувањата и на проблемите со кои ќе се соочуваат патниците кои треба денеска да патуваат.

– Никој засега не знае што точно ќе се случува и колкав ќе биде ударот на ураганот кој се очекува денес, рече овој претставник.

Станува збор за „остатоците од ураганот“ кои се очекува да ги погодат Велика Британија и Ирска, откако претходно преизвика големи штети и разурнувања на Бермудските Острови.

Метеоролозите предвидуваат поројни дождови, проследени со силен ветер што некаде ќе достигнува брзина од околу 125 километри на час.