Откази во грчкиот парламент поради лажни дипломи

Претседателот на грчкиот парламент отпушти седуммина вработени, бидејќи при вработувањето поднеле лажни акадамески дипломи. Одлуката за врачување откази ја потпишал претседателот на парламентот Никос Вуцис, пренесува МИА, повкувајќи се на Танјуг.

Меѓу обвинетите се советникот на поранешниот премиер Костас Симитис и поранешен секретар на еден од пратениците.

Минатиот ноември грчкиот парламент отпушти 16 вработени поради фалсификување на академските дипломи.