Откопана артилериска граната од Првата светска војна

Артилериска граната од 155 милиметри од Првата светска војна, тешка околу 50 килограми, била пронајдена во близината на индустриската зона Металец, кај Прилеп, додека се копала земја, пишува Нова Македонија.

По откопувањето, веднаш била информирана Дирекцијата за заштита и спасување од Прилеп, а оттаму информираат дека гранатата од страна пиротехничар била откопана, отстранета и складирана во магацин додека не се уништи.

Претходните денови на овој ист терен биле пронајдени и седум запалки за гранати, кои исто така биле однесени во магацин.

Надлежните додаваат дека годинава не е првпат да се откриваат артилериски гранати на прилепското подрачје.

– Пронајдени се повеќе гранати со различен калибар, претежно од Првата светска војна, но има и рачни бомби. Сите се отстрануваат и се остават во магацин за уништување – вели Стеван Петрески, раководител на Дирекцијата за заштита и спасување од Прилеп.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.