Откорнати новите садници на булеварот Никола Карев

Непознати сторители вчера откорнале десет садници и оштетиле повеќе садници од видот туи засадени на булеварот Никола Карев, на потегот од касарната Илинден до семафорите кај Момин Поток.

Градот Скопје го осудува овој вандалски чин со кој е нанесена  материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини, со оглед на тоа што зеленилото, особено дрвјата, придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот во нашиот град.

Повторно апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади  коишто ги красат парковите и зелените површини низ градот, како и да не ја уништуваат урбаната опрема низ парковите.

222

Градот Скопје го пријави овој вандаски чин во полиција, а МВР трага по сторителите.