Открен скопјанец кој пет години изработувал фалц документи

Шеесетгодишен скопјанец е пријавен до обвинителството под сомнение дека во текот на изминатите пет години изработувал најразлични видови документи, од лични исправи до документација од државни и јавни институции

Како што информираше во неделата Министерствто за внатрешни работи, СВР Скопје -Единицата за економски и компјутерски криминал со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предала 60-годишниот А.М. од Скопје, поради основи на сомнение дека во периодот од 2012 до 2017 година во повеќе случаи го сторил кривично дело „фалсификување справа“, предвидено и казниво по член 378 од Кривичниот законик.

Како што се наведува во соопштението, А.М. на лица државјани на Република Македонија, на лица со живеалиште и престојувалиште во странство, како и на странски државјани им изработува: лични документи, судски решенија, пресуди, договори за купопродажба на моторно возило, свидетелства од образовни институции, сертификати, медицинска документација и други јавни исправи, заверени со лажни печат и потпис од државни и јавни институции во земјата, за надомест од 1.000 до 6.000 денари, во зависност од документот што требало да го направи.

Во петокот бил извршен претрес во неговиот дом каде што се пронајдени се пронајдени и одземени компјутер, преносен компјутер, пластифицирана фолија, бланко пластични картички за изработка на лични карти, возачки дозволи и слично, скенер, печатар, електронски уред за печатење и пластифицирање на лични карти и возачки дозволи, изводи наводно издадени и заверени со потпис и печат од Управата за водење на матични книги, судски решенија како и пресуди наводно издадени и заверени со потпис и печат од Основен суд Скопје 1 Скопје, потоа документи наводно издадени и заверени со потпис и печат од Министерство за внатрешни работи, нотарски печати, сертификати, уверенија за завршено образование и други јавни исправи.