Откриена бугарска криминална група која продавала бебиња

Бугарската агенција за национална безбедност (ДАНС) откри во Софија криминална група која продавала новороденчиња.
Членовите на групата наоѓале трудници кои поради социјална состојба или со психолошки проблеми за финансиски надоместок биле подготвени да си ги продадат децата, соопшти безбедносната агенција.

Криминалците претходно обебзедувале купувачи, најчесто семејства без деца во Бугарија и странство.Во групата имало и адвокат со задача да ја обезбеди неопходната документација за посвојување дете.

Најголемиот број на трудници со бугарско потекло биле сместени во буграска градинка во Софија.Во соопштението на ДАНС, нема бројка на трудници кои учевствувале во ова, ниту на продадени бебиња

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.