вторник, 27 јуни 2017  |  Вести денес: 52

Откриен и приведен возачот кој со џип удри дете во Гостивар и побегна

Возилото вчеравечер е пронајдено, времено одземено и најверојатно ќе се врши вештачење на истото, но и други проверки

Архивска илустрациа

Архивска илустрациа

Последни вести

По три дена потрага, полицијата вчера ги пронајде возачот и возилото со кое на 13-ти овој месец утрото во гостиварската населба Грудајци тешко повреди седумгодишно дете. Возилото „Опел фронтера“ без регистерски таблици, утврдено е и се сомничи дека без возачка дозвола го управувал Љ.Н. (24) кој живеел во близина, информираат од СВР Тетово.

„Неговото возило вчеравечер е пронајдено, времено одземено и најверојатно ќе се врши вештачење на истото, но и други проверки. Сопственикот не располагал со никакви документи и постои сомнение за сторен царински прекршок“, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Во саботата наутро, малолетно дете, управувајќи велосипед по улица беше удрено од непознато возило и возач, кој веднаш го напуштило местото на несреќата и по него се трагаше. Детето со повреди по телото и скршеници, беше пренесено на скопските клиники.

Од СВР Тетово најавуваат дека по целосно расчистување на сите поединости, возачот на патничкото возило-учесник во несреќата ќе се соочи со соодветен поднесок.

Најчитани вести