Откриен идентитетот на мртвиот маж извлечен од водите на Вардар

Откриен е идентитетот на мртвиот маж што синоќа беше извлечен од водите на Вардар.

Во 19 часот синоќа било пријавено дека во водите на реката Вардар во населба Острово било забележано безживотно тело на маж. Според податоците на полицијата, се работи за 87-годишниот К.Д. од Скопје, кој од случајни минувачи бил изваден од реката.

Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје.

Телото на починатиот е предадено за обдукција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.