Македонија,Крими хроника

Откриен импровизиран систем за одгледување марихуана во Тетово

Откриен импровизиран систем за одгледување марихуана во Тетово

По вчерашниот претрес на изнајмениот стан во кој подолго време претсојувал Г.М.(29) од Тетово биле приведени три лица, двајца македонски и еден француски државјанин, а била пронајдена и одредена количина растенија, најверојатно канабис сатива и импровизиран систем за саксиско одгледување растенија сместен во дрвен плакар, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

– Во претресот реализиран со соодветна судска наредба а на кој присуствувал и јавен обвинител во домот, односно во спалната на изнајмен стан во кој престојувал неколку години, пронајдени се пет саксии со непознато растение, најверојатно канабис сатива, две саксии со друго непознато растение, 715 растителни семки и една зипер-кесичика со растителна материја. Покрај ова, поврзани во импровизиран систем за саксиско одгледување растенија што бил сместен и функционирал во дрвен плакар обложен со алуминиумска фолија пронајдени се и вентилатор, електричен кабел, две светилки, термометар и пластично шише, изјави Јосифовски.

Се што е пронајдено во претресот е одземено и ќе се вештачи, а Г.М. и уште две лица кои биле затекнати со него, Б.Р (29) од Тетово и францускиот државјанин Г.Ж ( 30 ) приведени се и по наредба на јавен обвинител задржани се во СВР Тетово. По расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.