Откриен криминал во ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово тежок 1.5 милиони денари

криминал

Кривична пријава за „Проневера во службата“ и „Послужување во службата“ е поднесена до Основното јавно обвинителство во Куманово против лицето Н.К вработено во претпријатието.

-Пријавениот службеник, во својство на одговорен благајник во ЈП Чистота и зеленило-Куманово, во периодот од ноември 2008 година па заклучно со август 2015 година, со цел да прибави противправна имотна корист за себе, во повеќе наврати присвоил парични средства од благајната во вкупен износ од 1.171.419 денари, со што го оштетил Буџетот на ЈП Чистота и зеленило-Куманово. Воедно пријавениот благајник се товари и дека во периодот од август 2015 година заклучно до јуни 2016 година, во повеќе наврати неовластено се послужил со парични средства доверени во службата од благајната, наплатени од странки по основ на користење на услугите на претпријатето во вкупен износ од 324.255 денари, информираат од Финансиска полиција.

Од страна на Управата за финансиска полиција извршен е увид во благајничкото работење и сметководствената евиденција на претпријатијето и обезбедени се налози за плаќање и благајнички извештаи со каса-прими за период од ноември 2008 година заклучно со јуни 2016 година. По извршените споредби на издадените налози за плаќање, уплатените парични средства во благајната, како и уплатените парични средства на банкарската сметка на претпријатијето, констатирано е дека пријавениот службеник, во повеќе наврати, ги присвојувал лично за себе наплатените парични средства по основ на извршени услуги од ЈП Чистота и зеленило-Куманово.

Со цел прикривање на кривичното дело, пријавениот службеник во ЈП Чистота и зеленило-Куманово, присвоените парични средства не ги евидентирал во благајната на претпријатието, а поголем дел од пропратната документација која бил должен согласно описот на работното место да ја изготви, ја уништувал.

-Од страна на Управата за финансиска полиција се обезбедени во оригинал дел од парагон-блокчињата со каси прими за период 2008 и 2015 година кои се поврзани со периодите кога се сторени инкриминарните дејствија при што констатирано е дека за дел од уплатите кои пријавениот службеник ги присвојувал за себе, на две или повеќе странките кои уплатувале пари за извршените услуги од претпријатето им издавал исти броеви на каса прими од ист датум при што една или повеќе од издадените каса-прими не ги внесувал во дневникот на благајната, се вели во соопштението.

Финансиската полиција продолжува со истражување и на други сегменти од работењето на ова јавно претпријатие со цел утврдување дали и други вработени кои имале допир со паричните средства уплатени од граѓаните на општина Куманово сториле некое инкриминирано дејствие.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.