Македонија,Крими хроника

Откриен напаѓачот кој прободе со нож две момчиња во Аеродром

Откриен напаѓачот кој прободе со нож две момчиња во Аеродром
Стружанец доби кривична за убиство во обид

МВР го расветли случајот и го идентификува напаѓачот кој под дејство на алкохол минатиот викенд прободе со нож две момчиња на булеварот „АСНОМ“.

Станува збор за осумнаесетгодишниот Д.Р. од Скопје. Тој во алкохолизирана состојба им нанел убодни рани со нож на Д.Б.(23) и С.Р.(22), при што повредениот Д.Б. се здобил со тешки телесни повреди додека С.Р. по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување.  Оштетените и сторителот не се познавале, а критичната вечер, тие рекреативно трчале на бул. “АСНОМ“ и поминувајќи покрај пријавениот, кој бил во видно алкохолизирана состојба паднат на улица и повраќал, застанеле да му помогнат.

Инаку Д.Р., минатата година е кривично пријавен за “учество во толпа“ и му се поднесени четири прекршочни пријави за нарушување на ЈРМ со физички напад. Во полиција тој негирал дека го сторил кривичното дело за кое се товари.

 

Нему му е одредена мерка притвор од 30 дена за сторено кривично дело убиство во обид.