Откриен насилникот кој демолира автобус на ЈСП

Дваесетгодишниот Н.М. од Кочани кој моментално престојувал во Скопје е лицето кое го искршило прозорецот на автобусот на ЈСП со број 57 по фудбалскиот меч меѓу Србија – Албанија.

Бидејќи станува збор за дело кое се гони по приватна тужба, податоци за сторителот се испратени до ЈСП, доколку истите ценат да покренат постапка за надомест на штета.

Се работи на расчистување и на останатите оштетувања.