Откриен план за атентат на цркви во Франција

Францускиот премиер Мануел Валс изутринава на радиото Франс Интер, осврнувајќи се на „случајно“ откриениот план за атентат врз две цркви во парискиот регион, уште еднаш инсистираше дека „не треба да се попушти пред стравот“, пренесува МИА.

Двете од црквите се наоѓаат во Вилжуиф, едната католичка, другата на коптската заедница, планови кои се совпаѓаат со повиците на Исламската држава за терористички акции против француските интереси и посебно против црквите.

„Ова е дел од нејзината стратегија за разделување“ – истакна францускиот премиер, кој за Франс Интер обелодени дека од јануари до последниот случај се спречени пет обиди за атентати.

Истрагата по апсењето на 24 годишниот Сид Ахмед Гхлам е насочена кон неговите електронски и телефонски комуникации, бидејќи тој засега одбива да соработува со полицијата. Но според она што е познато, тој бил во контакти со лица од Сирија, од каде ги добивал инструкциите за планираниот терористички напад.

Сид Ахмед Гхлам и бил познат на француската тајна полиција, која го забележала и го имала класифицирано како лице опасно за безбедноста на државата.

По заканите за можни атентати врз црквите во Франција, се подигнаа гласови кои бараат нивна заштита, но проблемот е во тоа што нема доволно полициски и армиски сили на рсполагање за нивно физичко обезбедување. Француските безбедносни сило чуваат над осумстотини религиозни објекти, најчесто синагоги и џамии, а под заштита се ставени и четриестина цркви. Во Франција има околу шеесетина илјади цркви.

Откривањето на планот за атентат, доаѓа во моментот кога францукиот парламент го разгледува новиот закон за разузнавање и тајните служби, со кој се предвидува проширување на надлежностите на тајните служби и нивно подобро опремување

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.