Свет

Откриен сомнителен пакет во зграда на американскиот конгрес

Откриен сомнителен пакет во зграда на американскиот конгрес

Во административна зграда на американскиот Конгрес денеска е откриен сомнителен пакет, пишува МИА.

– Добивме телефонско известување за пронајден сомнителен пакет во канцеларија во зградата Дирксен. Со цел да се избегне катастрофа евекуиравме неколку ката. Во тек е проверка – изјави претставник на полициското обезбедување на Конгресот.

Освен главната зграда Капитол, Конгресот на САД има уште неколку објекти во нејзината околина. Во нив се сместени кабинетите на конгресмените и администрацијата на Конгресот. За влез во овие згради не се потребни посебни пропусници.