Откриен тајниот сексуален живот на британската влада од времето на Маргарет Тачер

Таен документ во кои високи претставници од британската влада се осомничени за „неприродни сексуални склоности“’, направен во 80 –тите години на минатиот век за премиерката Маргарет Тачер , откриен е случајно во британскиот национален архив.

Според членот на парламентот Џон Ман , документот ќе помогне во истрагата за педофилскиот синџир во коиј припаѓале и некои политичари од тоа време.
Ман воедно истакна дека токму поради овој документ во 1982 година во седиштето на владата во „Даунинг стрит“ бил одржан таен состанок на кој било проценето дека содржината на документот би можела да биде толку штетна за владата што Кабинетот на премиерот пред само неколку години одлучил дека не би било добро да се објави.

Меѓутоа  владата со нова одлука решила документот да и биде ставен на располагање на владината Комисија за истрага за сексуално злоставување на деца.
Документот под наслов „ PREM19/588 – SECURITY”( ознака која ја носат документите кои минале низ канцеларијата на Премиерот) го пронашол доктор Крис Марфи , професор по Безбедност и разузнавање на Универзитетот во Салфорд.

-Не ја знам содржината на документот, но фактот што ја носи ознаката „Таен“ и дека стигнал до канцеларијата на премиерот наведува на заклучок дека е напишано за нечие сексуално однесување кое станало работа на националната безбедност, изјави др. Марфи.

Иако се укажува на големото значење на документот , директорот на Националното друштво за спречување на насилство над деца Питер Ванлес , кој минатата година раководел со истражување за тоа како Министерството за внатрешни работи ги решавало обвинувањата за злоставување на деца во периодот 1979 -1999 , вели дека досега никој не му го покажал документот.

-Се поставува прашање уште колку вакви и слични документи има , во кои се поврзани видни личности , пратеници и политичари поврзани со злоставување на деца и зошто истите на му се ставени на располагање на Питер ванлес или на Метрополитенската полиција, изјави членот на парламентот Џон Ман.

Сер Бернард Ингам , некогашниот портпарол на Маргарет Тачер , синоќа во изјава за „Скај Њуз“ истакна дека не се сеќава на тој документ , но призна дека премиерката била запознаена со обвинението на сметка на еден министер од владата во почетокот на осумдесеттите години на минатиот век.
Активистите за борба против злоставување на децата , меѓутоа сметаат дека документот треба да биде објавен и да и биде доставен на полицијата за осомничените да бидат изведени пред суд.

Инаку во минатото Маргарет Тачер  била поврзувана со скандал за злоставување на деца откако нејзиниот поранешен помошник Питер Морисон бил обвинет за силување на малолетно момче.