Откриен убиецот на Лука

Полицијата конечно го откри убиецот на 21-годишниот Лука Јовановиќ.

Според податоците на српскиот „Ало“, министерството за внатрешни работи на Србија ќе одржи прес-конференција во текот на денешниот ден, на која ќе бидат познати сите детали.

Убиецот, откако на 25 јули го прегази младото момче на Бранков мост во Белград, избега од местото на кобниот настан како ништо да не се случило, а полицијата трагаше по него.

На лице место, најверојатно, биле уште 4 лица, за кои ќе се утврдува дали се соучесници.