петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Откриена група дилери на дрога (ВИДЕО)

Од извршените претреси, кај пет лица, од кои кај тројца организатори и двајца посредници, пронајдени и одземени се предмети и средства за комуникација кои ќе бидат предмет на дополнителни испитувања и вештачења.

чавков

Последни вести

Пет лица се приведени, по едно се трага, а едно веќе e во притвор. Ова е билансот од полициската акција „Мрежа“ која траела во текот на вчерашниот ден до утринските часови денеска во Свети Николе, Штип, Битола и Скопје.

Во текот на денешниот ден, најави на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Митко Чавков, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Од извршените претреси, кај пет лица, од кои кај тројца организатори и двајца посредници, пронајдени и одземени се предмети и средства за комуникација кои ќе бидат предмет на дополнителни испитувања и вештачења.

– Од криминалистичкото истражување „Брана“ добиени се сознанија дека три лица на возраст од 35, 38 и 42 години од јули минатата година до јуни годинава организирале мрежа на препродавачи и посредници и ангажирале повеќе лица за пренесување и продавање дрога и психотропни супстанци, рече Чавков.

Тој нагласи дека поради карактеристиките на криминалната група за која постојат основи на сомневање дека има висок степен на коруптивно влијание и силна внатрешна поврзаност на надлежните институции ќе продолжат со истражување со цел да се обезбедат дополнителни материјални докази и идентификување други лица членови, а воедно, подвлече, се продолжува и со финансиската истрага.

Досега, истакна министерот Чавков, во рамки на криминалистичкото истражување „Брана“ во текот на 2015 и 2016 кривично пријавени и лишени од слобода се вкупно 30 лица. Притоа, пријавен е полициски инспектор, јавен обвинител и директор на општа болница, сите од Битола.

Како што појасни министерот Чавков, истражувањето „Брана“ е во рамки на оваа оперативна акција „Мрежа“ за сузбивање дилери на дрога кои делуваат на национално и меѓународно ниво. Ова истражување е започнато во 2015 година, а е во насока за откривање организирана криминална екипа која делувала на национално и меѓународно ниво во вршење кривични дела со шверц со дрога, а последните криминалистичко разузнавачки информации, потенцира Чавков, укажуваат и на коруптивно влијание во одредени структури на полицијата и судството.

На новинарско прашање дали по измената на владината Уредба од 23 август за давање обезбедување на актуелни и поранешни функционери до МВР има пристигнато барање за обезбедување на некои од овие лица, Чавков нагласи дека досега, од 23 август, никој нема побарано обезбедување. Проценката за ризиците по животите на лицата поранешни или актуелни функционери, како што рече, ги прави МВР и врз таа основа се дава решение дали на некој ќе му следува обезбедување.

Најчитани вести