Откриена иранска хакерска мрежа во САД

Американска компанија открила иранска хакерска мрежа во САД, што шпионирала воени и политички лидери и дипломати со користење на фиктивни веб страници и лични профили на популарните социјални мрежи, пренесоа медиумите.

Меѓу личностите, што иранкаста мрежа ги имала за цел, биле американски генерал, конгресмени, како и граѓаните на Авганистан, Велика Британија, Израел, Ирак, Саудиска Арабија и Сирија. Хакерите имале за цел да дојдат до владини и корпоративни системи и дипломатски преговори.

Мрежата е откриена од америкaнската компанија за киберразузнавање „Ајсајт партнерс“,  адејствувала од 2001 година или порано.

Според американската „Ајсајт партнерс“, Иранците во добро планирана операција создале шестмина условни „новинари“. Луѓето од иранската група работеле на фиктивен новинарски портал „NewsOnAir.org“ што користел информации од АП, Ројтерс, Би-Би-Си и други поголеми информативни агенции и медиуми. Хакерите создале и други осум личности, кои наводно работеле за компании кои тргуваат со американсите воружени сили и други организации.

На своите цели, хакерите првично испраќале вести и текстови од „NewsOnAir.org“, а подоцна и опасни линкови со кои ги заразувале нивните компјутери со шпионски софтвцер или пак директно ги насочувале кон веб страници, што бараат внесување на лични податоци.

„Тие дејствувале мирно и тивко стремејќи се да бидат незабележани, да не привлекуваат интерес кон себеси“ изјави Тифани Џоунс, потпретседателка на „Ајсајт партнерс“.

Хакерите исто така, создале и лажни профили, а овие личности на Фејсбук и други популарни социјални мрежи и преку нив се обиделе да се спријателат со нивните цели по шема на нивните пријателски кругови на мрежите.

На овој начин успеале во рамките на својата акција со над 2000 лица наведува американската компанија „Ајсајт“.