Откриена листа на ХСБЦ- Кој се затајувал данок во швајцарски банки?

Околу 180 милијарди евра затаен данок на 100.000 клиенти и 20.000 офшор компании, е откритето од истражувачката сторија на париски „Монд“ и другите партнерски весници, меѓу кои и швајцарскиот „Темпс“, за разработениот систем од страна на швајцарсата банка ХСБЦ, втора по големина банкарска група во светот, јави МИА.

Париски „Монд“, кој води истрага за оваа афера уште од нејзиниот сам почеток во 2014 година, денеска објави дека добил клучни информации за банкарските податоци за периодот од 2005 до 2007 година и утврдил дека станува за гигантско затајување на данок од светски размери.

„Монд“ оваа информација со најголема доверливост ја споделува со шеесетина други меѓународни медиуми, координирани од Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари.

Откритијата, кои претставуваат само дел од нивната работа, ќе ги стават во тешкотија многу лица, меѓу кои и истакнати личности, како францускиот хуморист Гад Еламлех, мароканскиот крал Мохамед Шести или американскиот акетр Џон Малкович, Тина, Тарнер, Фернандо Алонсо, Џоан Колинс, Хеики Ковалаинен, Кристијан Слејтер, Фил Колинс, Валентино Роси, Валентино Гаравани, Флавио Бријаторе, но пред се ова сигурно ќе ги погоди светските банки.

1 2 3

Од истрагата прозлегува дека 180,6 милијарди евра транзитирале од Женева, преку сметките на ХСБЦ на 100.000 клиенти и на 20.000 офшор компании меѓу 9 ноември 2006 и 31 март 2007 година. Период, кој се совпаѓа со дигитализираните архиви кои беа украдени од ХСБЦ од поранешен вработен во банката Ерве Фалчијани.

Овај информатичар од Франција, на крајот од 2008 година на француските даночни инспектори им ги предаде украдените архиви од неговиот работодавец. Француските истражни органи водат истрага од јануари 2009 за дел или за целата листа доставена од Фалчијани, односно за околу 3.000 француски државјани, кои криеле дел од своите приходи во ХСБЦ. Банкаата во Франција е осомничена за недозволено работење, перење пари и даночно затајување.

Само од француските клиенти швајцарската банка затаила 5,7 милијарди евра. Франција поднесе тужба само за 62 случаи, меѓу кои и против наследникот на Нина Ричи, чие судење започнува наскоро во Париз. Најголемиот број од лицата кои беа откриени во листата на Фалчијани, побрзаа да пронајдат договор со француските даночни служби.

„Монд“ на 28 јануари 2014 го објави само францускиот дел од истрагата, но недостигаше нејзиниот глобален аспект, кој е откриен денеска.

Лани, само неколку дена по откивањето на аферата, едно лице се појавило во канцелариите на весникот „Монд“ во Париз. Лицето, чија анонимност ја гарантира весникот како извор на информации, на редакцијата и предало УСБ стик со сите податоци за случајот.

Во овие податоци, кои француските служби им ги испратиле и на нивните партнери од странство се откриваат имиња на трговци со оружје и дрога, финансиери на терористички организации, политичари, ѕвезди на шоу бизнисот, спортисти, индустријалци…, кои ги криеле своите пари во Швајцарија. Најчесто, што е случај и со француските клиенти, тоа го правеле илегално.

„Монд“ е изненаден од различните карактеристики на профилот на затајувачите. Така на листата се наоѓаат реномирани француски хирурзи, кои не сакаат да ги пријавуваат своите големи хонорари, потоа продавачи на дијаманти од Белгија, како и еврејски семејства кои ги сокриле своите богатства во Швајцарија за време на нацизмот.

Најголемиот број од француските клиенти биле илегално привлечени од банката во Франција, камуфлирани зад офшор структури, најчесто во Панама или во другите фискални раеви, со цел да избегнат плаќање на некои европски такси.

Разбирливо, банката ХСБЦ од самиот почеток се демантира, тврдејќи дека податоците се производ на кражба. Крадецот на податоците, кој претходно се обиде да ги продаде, пред да им ги предаде на француските власти, е обвинет на 11 декември 2014 во Швајцарија за економска шпионажа, извлекување на податоци и кршење на трговска и банкарска тајна.

Франција од своја страна води истрага за своите даночни затајувачи. Таа успеа да го утврди идентитетот на многу од нив, бидејќи сите се скриени зад бројки, Но и банката ХСЦБ покажува подговтеност да соработува, за да избегне поголем скандал и судење кои би имале тешки последици за банката и пред се за нејзиниот нарушен имиџ.