Откриена нафтена дамка во регионот каде се трага по авионот „Ер Азија“

Нафтена дамка е откриена во регионот во кој се трага по исчезнатиот авион на малезиската компанија „Ер Азија“, јави ДПА, пренесе МИА.

Дамката е забележана во регионот на островот Белитунг, каде се одвива операцијата за пронаоѓање на исчезнатиот авион со 162 патници и членови на екипаж.

Според портпаролот на воздушните сили на Индонезија Хаџи Тахџано се врши проверка на нафтената дамка со цел да се утврди дали станува збор за гориво од брод или гориво од исчезнатиот авион.

Претходно денеска австралиски авион, што учествува во потрагата по авионот на „Ер Азија“, забележа предмети во зоната на потрага, но се уште не може да се потврди дека тоа се делови од исчезнатиот авион.