Откриена причината за превртување на бродот

Според веќе официјални информации, екипажот не можел да се приближи кон чамците за спасување бидејќи бродот силно завртел и наредбата за напуштање на бродот била издадена предоцна.

Судот ги испрашувал двата помошници на капетанот на бродот, кои се обвинети за убиство и во разговорот било кажано дека екипажот се обидел да ги спушти чамците за спасување, но не можеле да се приближат бидејќи бродот нагло се свртел, пренесуваат јужнокорејските медиуми. Бродот имал 46 чамци за спасување, а искористени биле само два.

Еден од обвинетите во екипажот кажал дека дошло до грешки при вртењето на бродот, но и дека наредбата да се напушти бродот на крајот сепак била издадена, но било предоцна.

Екипажот се собрал на мостот и се обидел да ја врати рамнотежата, но не можел. На патниците им било кажано да чекаат во кабините и да не скокаат во морето, поради што е и големата бројка на жртви.

Капетанот не бил на своето место кога бродот свртел, туку со него управулав 26 годишниот негов помошник, за првпат на тоа патување. Капетанот и неколку членови од екипажот побегнале на време.

Претседателката на Јужна Кореа оценила дека нивната постапка одговара на убиство.

Траектот Севол потона во средата, при рутинска пловидба кон летуваиштето на островот Јела.контејнери. Обвинителите сметаат дека бродот се превртел бидејќи свртел многу нагло. Поради тоа, товарот се придвижил, што придонело до превртување на бродот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.