Откриена тајната на Бермудскиот триаголник

На дното на Баренцовото море има огромен кратер, а некои сметаат дека тоа би можело да биде логичното објаснување за исчезнувањето на бродовите во Бермудскиот триаголник. Сличните подводни процеси што се случуваат таму, мошне е веројатно да се случуваат и во пределот на Бермудскиот кратер.

Научниците нагаѓаат дека овие кратери се широки по 800 метри благодарение на големите количества метан што најверојатно стигнал од бреговите на Норвешка кои што се богати со природен гас, а толку долго се таложеле што на крајот зад себе оставиле огромни дупки.

Областа со кратери најверојатно е најголемото наоѓалиште на метан што се ослободува во плитката морска вода. Кратерите настанати со експлозија претставуваат потенцијално голем ризик за пловидбата на бродовите во Баренцовото море.

Тие исто така може да претставуваат причина и за исчезнувањето на голем број бродови и летала, тврдат научниците.

Оваа област се протега од северот на Атланскиот Океан, преку Флорида, па до Порторико.

Рускиот научник Игор Јелцов изјавил дека Бермудскиот триаголник настанал како последица на реакциите на подводниот гас.

– Овие реакции може да бидат исклучително силни како нуклеарни експлозии, тоа придонесува за загревање на океанот и тонење во водите помешани со големо количество гас.