Откриена тајната на вечниот живот?

Решението за вечен живот можеби се крие во процедурата со која се продолжуваат хромозомите.

Оваа процедура би дозволила на научниците да ги продолжуваат теломерите заштитинте капи на крајот од хромозомите кои со годините се скратуваат, пренесува „Индипендент“.

Теломерите ги штитат хромозомите од оштетувања додека клетките се делат и растат. Меѓутоа, тие со текот на време се намалуваат и ја губат својата заштитна улога. Кога ќе дојде до тоа, се смета дека почнува процесот на стареење.

Новата процедура им овозможува на научниците да ги продолжат теломерите и на тој начин да го успорат биолошкиот часовник, со што луѓето ќе ги направи помлади.

Процесот го открила Хелен Блау од Стенфорд Универзитетот, која сите податоци за ова откритие ги објавила во научниот труд заедно со Џон Рамунас и Едуард Јакуб.

„Откривме начин како да го продолжиме човечкиот живот за дури 1.000 нуклеотиди, што овозможува враќање на биолошкиот часовник и продолжување на човечкиот живот“, изјавила Хелен.