Откриена врска меѓу мажите, фудбалот и секс играчките

Изгледа дека мажите за време на Светското првенство во Бразил нема да бидат само на фудбал и пиво, како што сметаат многу жени. Судејќи според резултатите од најновите истражувања, за време на Мундијалот ќар ќе имаат и произведувачите на секс играчки, но и дамите, со оглед на тоа што токму во овој период расте продажбата на овие секс реквизити.

Една од најголемите компании за производство на играчки за возрасни, „Лело“ открива дека пред почетокот на најголемото спортско случување мажите биле купувачи на дури четири до пет секс играчки. За време на истата недела, дури 72 отсто од мажите биле задолжени за купување на секс играчки на глобално ниво, додека тој процент во Америка бил 74 отсто. Инаку, кога не се случува Светко, таа бројка изнесува 50 отсто.

Овој феномен е забележан во САД, Австралија, Јапонија, Велика Британија и Шпанија, а интересно е дека момците инаку купуваат реквизит кои се наменети за заедничко уживање, додека за време на Светското првенство расте продажбата на играчки кои се исклучиво за женско задоволство.

Оваа недела продажбата пораснала за 80 отсто, што е за пофалба бидејќи сега знаеме дека мажите и за време на најважното спортско случување мислат на уживањето на своите поубави половини.